krema-rekГордост ни е да ви ја претставиме Macedonian Magic® тату крема за тетовирање која загарантирано вашата тетоважа ќе ја донесе до перфекција каква што артистот ја замислил. Првото професионално студио за тетовирање и пирсинг во Македонија СКИН АРТ после традиција на работа од 25 години, во годините наназад увиде дека грижата за тетоважата по тетовирањето е исто толку важна како и самото тетовирање. Затоа и ви ја презентира својата долгогодишната формула на успех преточена во Macedonian Magic®. Macedonian Magic® тату крема ќе направи вашата тетоважа да биде дел од вашата кожа. Macedonian Magic® тату крема е уникатен спој на стари и нови лекови состојки специјално формулиран за смирување и исцелување на тетоважите. Оригиналната  формула е комбинација од природни состојки специјално дизајнирани за да помогнат во зачувување на уметноста создадена од тетоважите. Намалувањето на  дехидрација и формирање краста на кожата , гарантира дека заздравувањето на тетоважата ќе резултира со најдобар можен изглед. Оригиналната формула се базира на црниот дроб – рибино масло,   добро познат по своите уникатни лековити својства што е одлично за заздравување на тетоважата . Ова масло во историјата датира неколку стотици години и со таква разновидност на употреба, не е чудо што остатокот од светот е со брзо прифаќање на корисноста на овој исклучително природен третман на кожата. Macedonian Magic® тату крема е совршена за употреба и после сончање на секое тетовирано место, бидејќи ја смирува кожата и го отстранува чувството на затегнатост, а истовремено овожможува ревитализација и хидратација на кожата после изложеност на сончеви зраци. Минералите, витамините кои се дел од Macedonian Magic® тату кремата се неопходни за правилно формирање на епителните ткива и одржување на нивниот интегритет, ги забрзува процесите на регенерација на иритираната и оштетената кожа од надворешни влијанија.

Одржување на тетоважата првиот ден од тетовирањето:
По тетовирањето нежно ја вадите облогата која ви е поставена од артистот на самата тетоважа.Откако ќе ја извадите облогата, тетоважата мора убаво да ја измието со млака вода и антибактериски сапун.
При миењето не смеете да го гребете или триете тетовираното место
Со нежни движења со палома или хартиен бришач да го исушите тетовираното место
( препорачано со тапкање)
НАПОМЕНА Пред секое миење и мачкање на тетовираното место измијте ги и рацете со антибактериски сапун
Откако ќе го измиете тетовираното место нанесете тенок слој со нежни кружни движења од Macedonian Magic® Тату Крема
Се нанесува во онолкава количина колку што самата кожа може да впие од кремата.
НАПОМЕНА Не нанесувајте во големи количини(слоеви) од кремата затоа што тоа нема да помогне на заздравување на вашата тетоважата.
Macedonian Magic®Тату Крема се нанесува првиот ден на секои 2-3 часа.
ПРЕПОРАКА: Миете ја тетоважата со антибактериски сапун секој ден пред почеток на утринско мачкање со кремата и кога ја нанесувате кремата пред легнување!

НАРАЧАЈ:     goo.gl/aBgpW7

krema-nalepnica-041560717_666446416727980_1923522650_n