ЧПП

Дали боли

Одговор овде

Како да се грижам за тетоважата откако ќе се истетовирам?

По тетовирањето нежно ја вадите облогата која ви е поставена од артистот на самата тетоважа.Откако ќе ја извадите облогата, тетоважата мора убаво да ја измието со млака вода и антибактериски сапун.
При миењето не смеете да го гребете или триете тетовираното место
Со нежни движења со палома или хартиен бришач да го исушите тетовираното место ( препорачано со тапкање)

НАПОМЕНА Пред секое миење и мачкање на тетовираното место измијте ги и рацете со антибактериски сапун

Откако ќе го измиете тетовираното место нанесете тенок слој со нежни кружни движења од Macedonian Magic® Тату Крема
Се нанесува во онолкава количина колку што самата кожа може да впие од кремата.

НАПОМЕНА Не нанесувајте во големи количини(слоеви) од кремата затоа што тоа нема да помогне на заздравување на вашата тетоважата.
Macedonian Magic® Тату Крема се нанесува секојдневно на секои 2-3 ч во период од 10 дена
Препорачливо е миење на тетоважата со антибактериски сапун секој ден пред почеток на утринско мачкање со кремата и кога ја нанесувате кремата пред легнување

Што да се тетовирам и каде?

Тетоважата е многу лична работа, затоа е најдобро добро да размислите што сакате, бидејќи трае за цел живот. Во консултации со тату мајсторот ќе решите за кое е најдоброто место да се истетовира вашата тетоважа.