Дејан Спасовски – Човекот Сенка



Помалиот син и ученик на Богдан не можеше да ја избегне татковата професија па ја научи.На 18 год.по враќањето од АРМ на Дејан му се допадна идејата да стане таттоо мајстор.Бидејќи го имаше најдобриот учител на балканот не му требаше многу време да ја смени позицијата од набљудувач во човекот што го набљудуваат.

Станува носител и наследник на Првото Таттоо Студио на Балканот кое и денеска е на своето првобитно место.Најомилениот негов стил е -СЕНКИ- и добива име “SHADOW MAN” кое го добива од Странците(војниците и цивилите кои беа во Македонија -Куманово од 1995 до 1999) правејки една слика на Исус која испадна – жива -.

Сеуште работи во Куманово и е поттикнувач на многу млади во тој град да научат да работат како него.