Добредојдовте

IMG_3999

viz-anka01

на официјалната интернет страница на Tattoo студиото СКИНАРТ Таттоо и пирсинг студиото “Скин арт” постои веќе 25 години. Како и во претходниот период така и сега ова студио е единственото професионално студио за тетовирање и пирсинг во Р.Македонија , а исто така е и меѓу првите студија на балканот кое продолжи со традицијата на тетовирањето и пирсингот која трае повеќе од 2500 години.Основачот на студиото Богдан Спасовски, кој аматерски се занимава со тетовирање од 1974 година, а потоа и професионално од 1988 година сеуште работи со неговите синови кои воедно му беа и негови ученици.Него и неговиот помал син Дејан Спасовски можете да ги најдете во првото Таттоо студио во Куманово. Игор Механджијски-Буги е постариот син на Богдан, а кој несебично го подржа да се оствари проектот “СКИН АРТ” и откако го испече занаетот во Кумановското студио,оди понапред и работи во неколку студиа низ светот за на крај кога ќе се врати да го отвори и второто студио СКИН АРТ во Скопје.Од 1996 година таттоо студиото се наоѓа во трговскиот центар “Беверли” и ја потврдува долго годишната работа на Игор по тоа што стана најдобро посетено студио во Македонија.Следејќи го трендот и интересите Игор во 1999 година ја менува локацијата на студиото во центарот на градот на еден од најпрометните булевари Партизански Одреди, во самиот трговски центар Буњаковец, во кое се наоѓа сеуште. Студиото е големо и опремено и наместено во светски рамки, што значи ентериерот е прилагоден според високите светски стандарди на изгледот на едно професионално таттоо студио.Но тука не е важен само изгледот, туку и воспоставените критериуми во поглед на тоа како треба да изгледа едно таттоо студио според мадицински мерила и правила. Место за аматеризам во студиото СКИН АРТ нема.Свесни сме за новонастанатата ситуација, дека секој ден никнуваат ново печени таттоо т.н. мајстори т.е, се поголем е бројот на луѓето кои нестручно и неодговорно се занимаваат со тетовирање,купуваат којзнае какви машинки и преку ноќ стануваат тетовирачи. А најлошото е што јавноста досега не беше запознаена со сето ова и буквално кажано оди на сечење кај аматерите. Затоа постои овој сајт, а затоа и постои таттоо студиото СКИН АРТ, кое работи со СЕРТИФИКАТ, да луѓето бидат упатени на правото место. Добар ТАТТОО во добро студио настанува само како спој на сите горе наведени елементи како и од збир на овие елементи: мирна рака, добар мајстор и негова прецизност-умешност, но и сето тоа не е доволно без квалитетните бои на реномираните произведувачи како и квалтетните игли и машинки. Денес СКИН АРТ не е само име на студиото бидејќи магичната тројка Богдан, Игор и Дејан го потврдија вистинското значење на името и станаа skin artists со реноме кое не може да се доведе во прашање.Тие велат: ”Секое “парче” кожа кое доаѓа за ние да го тетовираме, е тоа е ПРИВИЛЕГИЈА.”